Јасмина Роси – успешен модел на 61 година

25 јануари, 2017
7

Оваа 61-годишна дама е модел, фотограф и актерка и е доказ дека секоја жена без разлика на годините може да биде убава и успешна. Јасмина Роси е мајка на две деца и баба на две внучиња и сè уште изгледа прекрасно во бикини и самоуверено позира пред објективите.

Последната фотосесија на на Јасмина Роси беше за кампања за костими за капење, а дизајнерот сметаше дека токму таа е совршениот модел за овие фотографии. Главната цел на кампањата е да се истакне природната убавина и енергија на една жена.

Оваа дама со седа коса и фит тело е навистина успешна во својата работа. Таа вели дека тајната за вечната убавина е да се живее животот на посакуваниот начин и да се прави сè што една жена сака. Потоа, многу е важна здравата исхрана, особено јадењето на големи колични зеленчук и риба. И за крај, секоја жена мора да води грижа за својата кожа и коса со употреба на природни масла.