Јелена Карлеуша: Работам од свои 16. години и сум горда сопственичка на кариера долга 22 години
29 декември, 20170
Со оглед на тоа дека Душко Тошиќ игра за туркиот клуб Бешикташ, Јелена Карлеуша често престојува во Истанбул. Пејачката им е особено интересна на Турците кои ја нарекоа Јенге, што во превод значи снаа.
Сепак, Јелена призна дека не е класична жена на фудбалер, која ништо не работи и ги троши парите на сопругот.
– Тие мислат дека јас сум будала, бидејќи многу работа, бидејќи ним се им паѓа од небото, но јас научив. Работам од својата 16-та година и горда сопственичка сум на кариера долга 22 години. Не би можела како нив – да седам дома и да бројам туѓи пари, јас ги бројам моите пари. Се што сакам да си купам, си купувам сама – изјавила Јелена во емисијата 150 минути.