Ким Кардашијан обвинета дека си прави реклама од нападот во Манчестер

26 мај, 20170
4

Голем дел од светските ѕвезди изразија сочувство до семејствата на загинатите и сочувство кон Ариана Гранде по нападот во Манчестер во понеделник. Тогаш по концертот на Гранде самоубиец се разнесе во публиката и загинаа 22 лица, меѓу кои и деца.

Гранде беше шокирана по масовното убиство во фоајето на салата во Манчестер и ја прекина турнејата и ден подоцна се прибра кај своето семејство во Флорида.

Ким Кардашијан исто така, ја објави својата порака на Twitter дека концертите биле место за забава. И го придружи постот со слика на која е со Ариана Гранде.

Оваа слика сепак предизвика широк одек и риалити ѕвездата беше нападната, вклучувајќи и од свои обожаватели на социјалната мрежа, дека тоа не е емпатија, туку смешен обид да си направи реклама. На самиот кадар таа е во преден план.

По многуте гневни твитови Кардашијан побрза да ја избрише сликата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *