24 февруари, 2017

Радио

Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Канје Вест одамна зборуваат како сакаат да имаат и трето дете, па дали сега навистина ќе ги израдуваат своите две дечиња со уште едно братче или сестриче?

Ким Кардашијан беше забележана како излегува од болницата, во која одеше кога беше претходно трудна, па затоа тоа предизвика озборување дека можеби е трудна и по трет пат. Ким и Канје имат веќе две дечиња, 3-годишната Норт и 1-годишниот Сеинт. Минатата година Ким зборуваше дека сака да роди уште едно дете, но поради компликациите кои ги имаше додека беше трудна првиот и вториот пат, докторите и препорачуваат да размисли подобро во врска со останувањето трудна по трет пат.

Два пати бевте бремена и два пати се соочивте со големи компликации за време на бременоста. Затоа, се плашам дека овојпат може да биде уште полошо. Иако никогаш не можеме да бидеме 100% сигурни дека може да се јави истиот проблем, но треба да бидете спремни на ризикот. Проблемите во текот на вашата бременост можеа да завршат и трагично, со губење на бебето“, ѝ рече докторот на Ким. Ким постојано оди на прегледи во болницата, за да биде сигурна дека е сосема здрава и дека ќе може да издржи уште една бременост.

Остави коментар

Почетна // Забава // Шоубиз // Ким Кардашијан трудна со трето дете?!
Горе