Која е всушност пријателката на Селена Гомез, која го донираше бубрегот?

18 септември, 20170
3

Селена Гомез помина низ многу тежок период со нејзиното здравје, со оглед на тоа што неодамна откри дека направила трансплантација на бубрег.

Пејачката откри дека нејзината пријателка Франсиа Раиса го донирала својот бубрег, за што Селена ѝ е бескрајно благодарна.

Но, која е Франсиа Раиса и која е нејзината позадина?

29-годишната Франсиа е од Калифорнија и се занимава со глума. Досега таа била дел од голем број на филмови, ТВ шоуа и музички спотови, а позната е по улогите во Bring It On: All or Nothing и The Secret Life of the American Teenager.

transplantacijata1

Селена и Франсиа се дружат веќе 9 години, уште од 2008-ма.

– Опседната сум со секој спомен кој го имаме во последниве 8 години и оние кои допрва ќе ги создаваме. Благодарна сум што те имам во животот, учам многу од тебе и горда сум на тебе – изјавила Франсиа неодамна.

transplantacijata1

Таа откри дека е благодарна што ѝ помогнала на Селена, објавувајќи ја истата фотка на Инстаграм на која напиша:

– Благодарна сум што Бог ми даде шанса не само да спасам живот, туку и да го променам мојот во целиот тој процес. Ова беше дел од нашата приказна, но најважно е дека ова не е единствената приказна.

https://www.instagram.com/p/BZB5FS7DfBt/?taken-by=franciaraisa

Сепак, трансплантацијата и закрепнувањето очигледно поминале малку потешко за донаторот, отколку за Селена која веќе почна со работни ангажмани.

Според извори блиски до Франсиа, отстранувањето на нејзиниот бубрег значи дека ќе мора да паузира од снимање и нема да може да прави физички активности цели 2 месеца.

На актерката ќе ѝ биде посебно тешко бидејќи таа била опседната со здрав живот и постојано вежбала и била физички активна досега.

Поради трансплантацијата, Франсиа е на строга диета и може да практикува само јога, но добрите вести се дека таа добро се справува со ситуацијата и лесно заздравува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *