22 ноември, 2017

Радио

Третата бременост на Кејт Мидлтон е главна тема на таблоидите не само во Британија, туку во целиот свет.

Имено, последните информации за војводката се дека таа решила третото дете да го роди дома!

Нејзината одлука освен на традицијата, се должи и на стресот кој два пати го доживеала со претходните породувања.

Од моментот кога ќе тргне во болница до раѓањето на детето, Кејт постојано е под притисок на папараците, новинарите и граѓаните кои ја чекаат пред болницата.

Сепак оваа идеја не и се доаѓа на кралицата Елизабета, иако таа своите деца ги има родено во Бакингамската палата.

Кралицата смета дека денес најдобро е жената да се породи во болница.

Кејт и принцезата Шарлот сакала да ја роди дома, но принцот Вилијам под притисок од својата баба успеал да ја разубеди.

Остави коментар

Почетна // Забава // Шоубиз // Кралицата Елизабета не ѝ дозволува: Кејт Мидлтон сака да се породи во…
Горе