Кристијано Роналдо и неговата девојка го дознале полот на бебето

10 август, 20170
9

Кристијано Роналдо (32) и неговата девојка Георгина Родригез (22) наскоро ќе станат родители, а како што пренесуваат португалските медиуми, пресреќните родители го дознале и полот на детето.

Португалскиот дневен весник El Correo de Manha пренесува дека светски познатиот фудбалер и неговата избраничка ќе добијат ќерка. Како што информира весникот, породувањето е закажано во ноември.

Потсетуваме, Роналдо веќе ги има синот Кристијано (6), како и едномесечните близнаци Ева и Матео, а желба му е да има седум деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *