Мадона посвои близначки и ги претстави на Инстаграм

9 февруари, 20170
6

Мадона досега има посвоено четири деца, а има и две биолошки деца. Со Карлос Леон таа ја има 20-годишната Лурдес Марија Леон, а со поранешниот сопруг Гај Ричи го има 16-годишниот син, Роко Ричи. 

Минатата година, Мадона заедно со нејзината ќерка Лурдес, беа во посета во сиропиталиштето во Африка каде што беа близначките Стела и Естер, коишто таа оваа година ги посвои. Тогаш, Мадона сподели фотографија од својата биолошка ќерка заедно со близначките. Мајката на овие две девојчиња починала на породувањето и затоа тие веднаш по раѓањето биле префрлени во сиропиталиште.

Мадона, новоста дека ги посвои близначките Стела и Естер, ја потврди со фотографијата којашто ја објави на својот профил на Инстаграм. Таа на фотографијата ги држи двете 11-годишни близначки за рака, а под фотографијата напиша: „Конечно можам официјално да потврдам дека го завршив процесот за посвојување на двете близначки од Малави и дека сум пресреќна што тие се сега дел од нашето семејство. Многу сум благодарна на сите од Малави коишто помогнаа ова да стане возможно и сакам да ги замолам медиумите да ја почитуваат нашата приватност за време на овој преоден процес. Исто така, сакам да им се заблагодарам на моите пријатели, семејството и на мојот многу голем тим за целата поддршка и љубов!“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *