Малку сум изненадена: Лепа Брена проговори за разводот
20 ноември, 20170
Веќе неколку дена се се почести шпекулациите дека Лепа Брена се разведува од Боба Живоиновиќ со кој има два сина. Пејачката одлучила да се огласи по тој повод.
– Никој не ми се јави дека ќе се разведувам, па малку сум и затечена што морам дури и да се запрашам што се случува со мојот живот. Никогаш не сум размислувала за развод. Таа опција не постои кај мене јас сум премногу старомодна во сфаќањата. Иако сигурно не би дозволила некој да ме угнетува, раскажала Лепа Брена.