Мел Гибсон стана татко по деветти пат

25 јануари, 20170
6

61-годишниот актер стана татко по деветти пат, неговата 26-годишна девојка Розалинд Рос му роди синче, коешто одлучија да го крстат Ларс.

Деветтото дете на Мел Гибсон се роди во Лос Анџелес, а блиските извори велат дека тој и неговата девојка се многу возбудени околу приновата, а малиот Ларс дека е прекрасен. Радоста на Мел не може да се опише, а покрај тоа целото семејство е со нив и сите се радуваат и се среќни и весели.

Познатиот актер со поранешната сопруга Робин Мур има седум деца, 36-годишната Хана, близнаците Кристијан и Едвард кои имаат 34 години, 31-годишниот Вилијам, 28-годишиот Луис, 26-годишниот Мајло и 17-годишниот Томас, а со поранешната девојка Оксана Григореба ја има 6-годишната ќеркичка Луција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *