Мелани Грифит: Некогаш убавица на Холивуд, денес ја плаќа цената на пластичните операции

15 септември, 20170
3 copy

Пластичните операции се чинеа брзо и лесно решение за покривање на првите знаци на стареењето за актерката која ги одбележа 80-тите и 90-тите години на Холивуд, филмската индустрија каде се води постојана трка за младоста и убавината.

Мелани Грифит е една од легендите на Холивуд, но со нејзиниот изглед во последно време ги загрижува пријателите и семејството. Судејќи според последните фотографии снимени во Лос Анџелес, Грифит сега ја плаќа вистинската цена на бројните пластични операции направени низ годините.

Необично црвенило на бледата кожа, видлива исучена гребаница на носот, суви и испукани усни… на неа се познаваат последиците од бројните естетски корекции, а актерката дополнително изгледа несредено и конфузно.

60-годишната актерка, која некогаш важеше за една од најубавите жени во шоубизнисот и воопшто во светот, долго време се обидуваше да сокрие дека правела пластични операции, но неодамна призна дека направила, и тоа многу.

„Не бев свесна како изгледам додека не ги слушнав туѓите коментари. Се надевам дека сега изгледам подобро“, рече таа тогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi