“Мистер Бин“ изгубил повеќе од шест милиони долари со разводот: Утеха пронашол во дупло помлада актерка

22 март, 20170
9

Роуан Еткинсон или попознат како Мистер Бин неодамна се појави на премиерата на својот нов филм “Top Funny Comedian” кој ќе се прикажува само во Кина.

Познато е дека ужива силни симпатии помеѓу Кинезите со оглед на тоа дека неговиот филм “Mr. Bean’s Holiday” од 2007-мата година заработи повеќе од 3 милиони долари само во Кина,  а заработката која ќе ја добие од овој филм сигурно ќе му дојде добро со оглед на тоа дека во неодамнешниот развод од сопругата Сунатре изгуби повеќе од шест милиони долари.

Актерот со поранешната сопруга беа цели 24 години во брак, а се разведоа во 2015-та година. Причината за разводот е комичарката и актерка Луиз Форд со која моментално е во врска.

Двојката ги полнат страниците на весниците баш поради големата разлика во години. 62-годишниот Роуан е речиси дупло постар од неговата 33-годишна избраничка.

Вредноста на недвижниот имот на Еткинсон се искачува и до 86 милиони долари, а по разводот со неговата поранешна сопруга живее во 26 милиони долари вредната вила во центарот на Лондон која актерот ѝ ја купил во 2014-та година.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *