На овој човек му завидува целиот машки свет: Со страсниот бакнеж Моника Белучи ги шокираше сите во Кан
19 мај, 20170
На отварањето на јубилејниот, 70. ти по ред Филмски фестивал во Кан,додека некои дами мамеа погледи со тоалетите, други со длабоките деколтеа, трети со процепи, Моника Белучи на сите дами им го украла вниманието со необичен настан на сцената.
Моника заедно со францускиот комичар, Алекс Луко, го водела програмот, а на публиката ѝ бил претставуван филмот “Исмаилски духови” на Арно Деплешен.
Меѓутоа, за да ги забавува гостите, Моника, која воедно и ќе ја затвори овогодинешната манифестација, почнала да танцува, а потоа одненадеж и го бакнала комичарот. Овој бакнеж бил дочекан со воодушевување, а многумина биле шокирани од смелоста на актерката.
Бакнежот траел неколку секунди, а потоа се слушнал громогласен аплауз.