Наташа Беквалац отворено за љубовниот живот

20 јуни, 20170
4

По бројните појавувања со новиот дечко Лука Лазукичем, Наташа Беквалац, конечно нешто проговори и за својата нова романса.

Видно расположена Ната сјаеше од среќа на еден попладневен настап во Белград, а кога новинарите констатираа дека ослабела, таа имаше што да каже и на тоа.

„Не, само е добар кројачот. (се смее). Не сум скромна, секогаш треба да имате талент да ги покриете своите мани, и да го сликнете она што е добро. Не е баш се така совршено (се смее)“, изјави Наташа.

Наскоро на публиката ќе и ја претстави својата нова песна, па новинарите ја прашаа и за кого е наменета, со глед на тоа дека повеќе помалце, нејзините песни секој пат се за некого посветени.

„Наменета е за мене, тоа е дефинитивно. Тоа е песна со став, песна каде лично се обраќам на самата себе си. Каде зборувам за себе, така што наменета е за сите жени кои имаат петел, и кои се храбри. Песната донекаде е двосмислена, а ќе ја гледаат луѓе со разни очи. И точно по тоа како некој ја гледа, ќе се види каков човек е“, објасни Беквалац, чиј кум, Драган Брајовиќ Браја го работи новиот албум на Александра Пријовиќ.

Printskrin: Telegraf

Новинарите ги интересираше дали ја преслушала и какви впечатоци има од истата.

„Не го преслушав албумот, иако професионално треба да го направам тоа, но таа дефинитивно е многу убава работа и верувам дека во тој континуитет и ќе продолжиме. Има добри соработници, и не постои ниту една причина да тоа не биде така добро“, истакна Наташа.

Како што ни рече, нејзиниот дом изгледа нормално, полн е со љубов, а на првото машко дете во семејството, синот на нејзината сестра Кристина, сеуште не навикнала.

„Не можам сеуште да го прифатам! (се смее). Не сум навикната, па идам како мачка околу сланина околу него“, се смее додека даваше изјава Ната.

За крај, ја прашаа дали ќе го прокоментира љубовниот живот, а одговорот беше краток и јасен:
„Се е фул и се е супер!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *