НОВА РОМАНСА – Еве во кого се вљуби Том Круз

27 март, 2017
3

Откако се разведе од Кејти Холмс во 2012 година, Том Круз немаше ниту една сериозна љубовна врска, но сега изгледа дека е повторно вљубен, пишува Daily Mail.

Познатиот глумец и најпознат саентолог, 54-годишниот Круз, наводно „фрлил око“ на својата колешка од филмот “Mission Impossible 6” (Невозможна мисија), Ванеса Кирби (28).

Круз е решен Венеса да стане негова четврта жена, откако реши да се смири и да ја исполни желбата на својата мајка Мери Ли Фајфер, која почина во февруари.

Актерот прв пат ја забележал Венеса во серијата „The Crown” (Круна) и веднаш решил да ја ангажира за новото продолжение на „Невозможна мисија“ кој треба да стигне во киносалите следната година.

„Кога се видоа прв пат веднаш се забележа дека постои хемија меѓу нив, и таа без размислување ја доби улогата во филмот. Круз ја одушеви со неговиот шарм и енергија“, пренесува Mail Online, цитирајќи извор близок до актерот.

Ванеса е родена во Вимблдон, Англија. Набрзо откако го завршила факултетот, почнала да добива улоги во театарски претстави и во филмови. Таа настапи во филмот Jupiter Ascending заедно со Мила Кунис и Чанинг Тејтум.

Сите поранешни сопруги на Круз беа актерки. Најпрво беше во брак со Мими Роџерс, потоа со Никол Кидман, и со Кејти Холмс. Се ширеа гласини дека саентолошката црква е виновна за секој негов развод.