Нови детали за венчавката на Наташа Беквалац

19 септември, 20170
6

Поп-пејачката Наташа Беквалац третпат ќе го изговори судбоносното „да“, овој пат со новиот избраник Лука Лазукиќ, од кого е во четвртиот месец од бременоста. Наташа и Лука ќе се венчаат на 25 септември на омилениот остров на пејачката Ибица, но како што пренесуваат медиумите, тој ден нема да бидам опкружени со најмилите.

Датумот е избран бидејќи на 25 септември е роденденот на Наташа, а и овој брак, како и претходните два, нема да бидат склучени во црква, ниту пак во присуство на родителите, а овој пат, и во отсуство на нејзината ќерка од првиот брак, Хана.

View this post on Instagram

Moja prva ljubav😍❤💎

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

„Панонската барбика“ забрзано се подготвува за свадбата, која ќе се случи во луксузна вила на Ибица за точно 30 души, а српските медиуми информираат дека одлучила да не ја земе ќерка си затоа што и’ е поважно таа да не отсуствува од школо.

Пејачката ќе отпатува за неколку дена на Ибица, каде што ќе организира моминска вечер, додека преостанатите гости на младенците ќе допатуваат на островот точно на денот на венчавката.

„Лука и Наташа разговараа за свадбата и сфатија дека е најдобро да не ги носат децата. Иако првобитна идеја беше на венчавката да се појават Хана и неговата ќерка од првиот брак, сепак се договорија да се откажат од замислата. Хана тргна на училиште и Наташа не сака да ги запоставува школските обврски. Девојчето ќе го чуваат родителите на Наташа, кои исто така нема да присуствуваат на венчавката, на која од најблиските членови на семејствотоќе бидат само нејзините сестри“, раскажува добро информиран извор.

Музичката ѕвезда не успеа да скрие од јавноста дека ќе заплови во трет брак, но повеќе од очигледна е нејзината среќа што напролет ќе му роди ќерка на Лука.

Главен проблем на Наташа моментално и’ претставува изборот на венчалниот фустан.

„Многу е можно нејзината сестра Кристина, која е задолжена за нејзините стајлинзи, да и’ сошие фустан“, вели изворот.

За потсетување, Наташа и Лука се запознале пред неколку години токму на Ибица, но судбината ги вмешала прстите и Лука дознал дека со тогашната девојка очекува бебе. Сепак, неколку години подоцна, една случајна средба во познат белградски локал била доволна двајцата да запловат во љубовна врска и за кратко време да објават дека чекаат дете и дека ќе се венчаат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi