По Крдашијан и семејството Хадид со ново ТВ – ШОУ

6 декември, 20170
4

Јоланда Хадид-мајката на Џиџи, Бела и Ануар, поранешен дизајнер на ентериер и модел, ќе стартува свое сопствено шоу.

Според приказната за проектот, Јоланда ќе биде ментор на шест млади девојки и ќе комуницира со нивните мајки. Хадид верува дека само со мајките девојките можат да бидат успешни-така таа ќе им објасни на нивните родители како да создадат успешна семејна марка.

Според правилата на модниот „камп“ на Јоланда, девојките ќе ја почитуваат диетата, ќе научат како да одат на подиумот, како и тоа да се чувствуваат посигурни пред објективот, пишува Elle.

Секоја недела, најдобриот учесник ќе добие пет илјади долари. Наградата за финалистот е договор со фамилијата Хадид и можност да се приклучат на агенцијата IMG Models.

„Со доволно следбеници на социјалните мрежи денес, моделите утре можат да станат супермодели“, рече Хадид. Премиерата на шоуто е закажана за 11-ти јануари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi