Почина убавата актерка од спотот „Тишина“ на Бајага

27 јануари, 20170
6

Педесет и двегодишната Надежда починала на 22 јануари, а била погребана во вторникот во Германија, каде што живеела последните години. Зад неа ги оставила сопругот Златко и синовите Давид и Марко.

Медиумите одамна ја нарекоа „најубавата девојка од Титоград“, а ќе остане запаметена по спотот на Бајага за песната „Тишина“.

Сепак, оние коишто ја познавале велат дека во спотот не се прикажува „ниту половина од нејзината убавина“.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Q9OdJ8oWRyA

Освен во модните води, убавата Црногорка глумела и во филмот на Желимир Жилник „Убави жени поминуваат низ град“ од 1986 година.

Познато е и дека во мај 1985 година, додека се уште била студентка, во Мостар била избрана да ја претставува Југославија на изборот за мис во Маурициус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *