Погледнете како Хју Хефнер ги минал последните денови (Видео)

5 октомври, 20170
5

Видеото е снимено во јануари годинава и покажува како Хју ги испраќа гостите кои дошле во неговата вила на вообичаена филмска вечер. На последното видео објавено во јавноста, може да се види беспомошниот Хју Хефнер кој едвај оди со помош на помагало во придружба на неговиот неговател. Хефнер како голем филмски обожавател секоја недела во неговата Плејбој вила одржувал филмски проекции на кои се прикажувале класици, како и нови филмски наслови.

Ниту еден роденденот на Хефнер не поминал без да го прикаже својот омилен филм Казабланка, а гостите морале да носат облека слична на оние во четириесеттите години од минатиот век. Се вели дека Хефнер бил во лоша здравствена состојба последните две години и затоа не се појавувал во јавноста.

Последните неколку недели тој се борел со бактериска инфекција која неговиот организам со слаб имунитет не можешл да ја надмине.

Со него до последен момент биле неговите синови Марстон и Купер, ќерка Кристи, како и неговата втора сопруга, Кимберли Конрад.

https://www.youtube.com/watch?v=lKPCYXnscVs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi