Погледнете што му направи Меланија на Трамп за време на химната!

18 април, 20170
10

Претседателот на САД Доналд Трамп со сопругата Меланија и синот Барон ја отвори традиционалната потрага за велигденските јајца во Белата куќа, но во моментите на интонирање на америкаснаката химна, првата дама на САД мораше да го опомене мажот да ја стави раката на срце.

На социјалните мрежи се појави и снимка на која Меланија Трамп едвај приметно ја турка раката на сопругот откако сватила дека заборавил да ја стави раката на срцето за време на интонирањето на химната.

Илјадници деца дојдоа во Белата куќа за да учествуваат во најголемото годишно друштвено случување.

Ова беше прв пат да Трамп ја организира оваа манифестација стара 139 години.

Како што наведе, Белата куќа очекувала повеќе од 21.000 деца и возрасни, што е помалку од 35.000 посетители, колку што имало минатата година, пренесе AP.

Првата дама на САД Меланија Трамп на Твитер профилот напиша дека се радува што ќе биде домаќин на овој настан.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=50&v=hpWdKTT3lmw

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *