Поради Шакира, Пике нема да присуствува на свадбата на Меси?

24 март, 2017
4

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике најверојатно нема да присуствува на свадбата на соиграчот Лионел Меси поради својата партнерка – пејачката Шакира.

Свадбата на Меси со неговата девојка од детството, Антонела Рокуцо ќе се одржи на 24 јуни во Аргентина и во листата на гостите на настанот има 600 имиња. Пике и Шакира се исто така поканети, но може да не одат, поради нетрпеливоста која двете жени ја доживуваат една кон друга.

Веќе е сигурно дека Шакира нема да присуствува на настанот. Официјално на овој датум таа има турнеја, но шпанскиот печат пишува дека колумбијката не може да ја гледа Рокуцо, бидејќи таа е добра пријателка со Нурија Томас, со која Пике имал врска пред да се сретне со Шакира.

Поради големата веројатност Нурија Томас да присуствува на свадбата, Шакира инсистира и Жерар да одбие да присуствува.