Се снима филм за Новак и Јелена Ѓоковиќ: Овие актери ќе ги толкуваат нивните ликови

20 март, 20170
3

Славниот холивудски актер Леонардо Дикаприо од трибините го бодреше српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ на стартот на турнирот во Индијан Велс, па во светот на шоу-бизнисот се шпекулира дека Лео се подготвува за нова филмска улога.

На форумите кои ги следат новостите во врска со седмата уметност, на големо се пишува дела Лео ќе го игра ликот на Новак Ѓоковиќ, а се полемизира и за тоа која актерка ќе ја игра улогата на Јелена. Еден од фаворитите е 42-годишната актерка Хилари Свонк, која е двократна добитничка на „оскар“, а во живо го гледаше Ѓоковиќ во 2016 година, во Париз, на Ролан Гарос.

Интерено е тоа што Леонардо и Хилари, како можна филмска брачна двојка, веќе заедно уживаа во тенисот, токму на Ролан Гарос. Официјално нема информации за ова филмско остварување, но кога гледачите вака бучно навиваат, веруваме и дека ќе се случи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *