Семејството Кардашиан штотуку беа ограбени…повторно!

12 јануари, 20170
11

Помалку од четири месеци откако Ким Кардашиан беше ограбена со пиштол во Париз, американското најпопуларно реалити-шоу семејство повторно беа ограбени – овој пат во нивната продавница за облека, DASH.

TMZ изјави дека DASH (бренд кој го менаџираат Ким, Клои и Кортни Кардашиан) бил ограбен во понеделник – кратко по апсењето на крадците кои беа вклучени во грабежот во Париз. Според изворите, жена влегла во продавницата на DASH на Мелроуз авенија, украла облека и парфеми со вредност од 1.600 долари и заминала од сцената во сребрен автомобил.

Семејството Кардашиан сé уште нема дадено коментар за инцидентот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *