28 јуни, 2017

Радио

Неодамна Серена Вилијамс изненади со веридбата со еден од основачите на Reddit, Alexis Ohanian, а сега таа преку Снапчет објави дека е во 20-та недела од бременоста.

Носејќи едноделен жолт костум, тенисерската ѕвезда со селфи го покажа мешето и со едноставен текст „20-та недела“, а брзо по ставањето ја тргнала сликата.

Ако се точни пресметките, може да кажеме дека Серена е супер жена, бидејќи во јануари победи на Австралија Опен, а тогаш веројатно била во 10-та недела од бременоста.

Остави коментар

Почетна // Забава // Шоубиз // Серена Вилијамс објави дека е трудна: Со оваа фотографија го изненади светот
Горе