Серена Вилијамс сними реклама преку која пренесе моќна порака (ВИДЕО)
23 ноември, 20170
Серена Вилијамс пред неполни три месеци стана мајка. Сега, сними реклама преку која испрати моќна лекција за животот.
Иако е мајка, Серена секогаш ќе остане една од најдобрите тенисерки на сите времиња.
https://www.youtube.com/watch?v=6JvRVILczps
Во видеото, таа разговара со својата ќерка, советувајќи ја дека во животот секогаш треба да биде упорна и никогаш не треба да престани да се труди.
За жал, неколку дена пред снимањето, нејзината ќерка се разболела, поради што продуцентите морале да и најдат замена.
Но, дури и другото бебе не ја сокри нејзината нежност, додека ја пренесуваше оваа моќна порака.
Погледнете ја рекламата.