Северина на третмани: „Пегла“ брчки за да изгледа младолико покрај сопругот
18 октомври, 20170
Хрватската пејачка опасно држи до себе кога станува збор за убавината, па постојано е на третмани со цел да си го задржи младоликиот изглед и да биде привлечна за помладиот сопруг.
Една од фотките кои ги објави на својот Instagram профил ги покрена гласините дека направила мала „интервенција“ на образите.
Сепак, ништо посериозно од редовни филери чиј што ефект исчезнува за 6 месеци, па потоа следува нов третман.
Обожавателите ја пофалија дека воопшто не старее и изгледа одлично покрај љубовта на нејзиниот живот.