Шарапова самоуверено се враќа по казната поради допинг

20 април, 20170
13

Руската тениска ѕвезда Марија Шарапова следната недела почнува со настапи на турнири, по 15-месечната казна за користење допинг.

Со посебна покана на организаторот таа ќе настапи на турнирот во Штутгарт каде досега три пати ја има освоено титулата.

На овој турнир досега има изгубено само еден меч, во 2015 година, од домашната тенисерка Анжелик Кербер.

„Нема подобар град за камбек. Морам да докажам дека за време на принудниот одмор не спиев, туку напорно тренирав. Секако дека на турнирот ќе ја имам највисоката цел”, рече руската убавица која е амбасадорка на германскиот производител на автомобили Porsche, главен спонзор на турнирот во Штутгарт.

Токму поради тоа таа очекува дека организацијата добро ќе ја прими, без оглед на критиките од другите натпреварувачки кои не се согласуваат со одлуката Русинката да добие wild card.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *