Вељко облекува униформа: Цеца го испраќа синот во војска со голема журка

8 февруари, 20170
9

Вељко Ражнатовиќ, син на фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ, неодамна проговори за својата желба за служење воен рок, а неговата популарна мајка гордо истакна дека го поддржува во тоа.

„Вељко одамна има желба да го отслужи воениот рок, да ја помине обуката. Но, поради обврските на факултетот, не можеше да го стори тоа, па планираме да отиде на тримесечна обука за време на летниот распуст. Можеби ќе му се допадне и ќе одлучи да остане таму“, вели Цеца.

Вељко би требало да замине на служење на војниот рок во средина на јули. Одличен повод за голема забава во куќата на Ражнатовиќ.

„Зошто би го испратила во војска само во кругот на семејството? Се знае како се испраќа војник во војска, се’ ќе биде онака како што налагаат обичаите, а мене посебно ме радува затоа што е уште еден важен датум за нашето семејство“, истакнува Цеца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi