Вистинска љубов во погрешно време: Марија Шарапова отворено проговори за врската со Григор Димитров

25 септември, 20170
1

Една од најпознатите тенисерки во светот, Марија Шарапова, ја отвори душата  и проговори за врската со својот колега Григор Димитров.

Во нејзината биографија што излезе неодамна, со наслов „Unstoppable“, Русинката откри детали за 3-годишната врска со Димитров која заврши во 2015-тата.

Григор стапил во контакт со неа преку нејзиниот агент.

– Го барав на Google за да видам колку години има. Одвај 21-на. Да не ме брка закон? Дај му го мојот меил – му рекла Шарапова на нејзиниот агент.

– Ми текнува дека видов едно дете низ терените на Вимблдон, висок, слаб и насмеан – свесен дека е згоден“. „Му реков на тренерот „Добро е што не беше познат јас кога играв, инаку ќе бев многу деконцентрирана“.

1415547837059 wps 3 EXCLUSIVE Maria Sharapova

Шарапова вели дека Григор се помачил додека да ѝ го дознае бројот.

– Прво си пишувавме мејлови, па пораки, па се слушавме по телефон, па на Скајп. Беше едноставно и искрено. Не мислев дека ќе биде нешто сериозно, сè додека еднаш, 30 секунди откако го завршивме муабетот по телефон, Григор ми се јави и ми рече: „Извини, ама многу ми фалеше да ти го слушнам гласот. Може да позбориме уште некоја минута?“

– После тоа ме праша дали сакам да му бидам девојка, официјално. Ме фати неспремна, не мислев да почнувам нешто такво. Ми рече дека ќе ме чека ако треба“.

Зборовите на Григор биле: „Ќе чекам. Знам што сакам. Да бидам со тебе“.

За раскинувањето на врската Шарапова напиша:

– Пред некое време кога зборувавме со Григор по телефон, откако стигна до полуфиналето на Australian Open, ми рече дека најлошо е кога ја имаш вистинската работа во погрешно време. Па, ми текна на една вечер пред Вимблдон 2015-та.

Претходната година Григор го победи Енди Мареј и стигна до полуфинале, а таму изгуби од Ѓоковиќ во 4 сета. Извади една книга од играчите на Вимблдон во претходните години. Вртеше низ страниците и најде една фотографија од мене, додека го гледав како игра од публика.

article-2659023-1ECEC8A600000578-32 634x857

Ме погледна во очи, мислам дури и дека му се насолзија очите, и ми рече: „Си го видела ова? Ова е тоа што ми е важно. Кога те видов во публика до мајка ми.“ Во тој момент ме преплавија сите емоции што дотогаш ги потиснував.

– И двајцата знаевме дека не можев да му го пружам тоа во тој период од мојот живот. Требаше да се фокусирам на моите натпревари, моите победи и порази, на најважните денови во мојата кариера.

– Го изгледав целиот негов натпревар тој ден само затоа што јас рано губев на таквите првенства. Тој имаше убави спомени, а јас имав лоши. Тоа што се случи што му значеше толку, се случи само затоа што јас изгубив. Исто како што кажа – можеш да имаш нешто добро, но најчесто доаѓа во погрешно време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi