Врескала додека го воделе татко и-малата Јана потресена од апсењето на Зоран

22 септември, 20170
4

Зоран Марјановиќ упасен е поради сомнеж дека ја убил својата сопруга Јелена Крсмановиќ Марјановиќ во април минатата година.

Како што се дознава, клучен доказ за приведување на Марјановиќ се ДНК трагите на облеката, бидејќи меѓу другото, споредбата на калта од неговите панталони и жртвата потврдила дека тој бил на местото на злосторството, на насипот во Борча!

После сослушувањето во полиција и обвинителството на Марјановиќ му е одреден притвор од 30 дена. После апсењето на Зоран, неговиот татко изнесе ново и шокатно тврдење дека Јелена ја убил познат тајкун со кој таа наводно била во врска.

а време на апсењето на Зоран Марјановиќ, по кого во семејната куќа во Борча дошле полицајци поради случајот со суровото убиство на неговата сопруга, пејачката Јелена Марјановиќ, најмногу била повредена нивната ќерка Јана.

Како што дознаваат белградските медиуми, Зоран ја успивал ќерката во моментот кога полицијата затропала на нивната врата.

Очекувано, девојчето било вознемирено и почнало да вреска додека припадниците на МУП го приведувале нејзиниот татко.

На сопругот на Јелена, Зоран, одреден му е притвор од 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi