9 намирници кои се препорачуваат по тренинг
1 август, 20170
По физичка активност, потребно е да се земе здрав оброк, богат со протеини, за вашето тело да ја надополни изгубената енергија. Затоа немојте да гладувате по тренинг, и обезбедете му ги на вашето тело неопходните хранливи материи за да бидете здрави.
Се препорачува првиот оброк по тренинг да биде по еден час. Исто така, обрнете внимание на големината на порцијата, бидејќи по вежбањето можете да почувствувате поголем глад, што може да резултира со прејадување, кое мора да го избегнете.
Кои намирници можете да ги земете по тренинг:
- Цвекло
- Јајца
- Јогурт
- Лубеница
- Мисиркино месо
- Чоколадно млеко
- Фета сирење со овошје и мусли
- Житарици со млеко и цеден портокал
- Путер од кикирики со банана