10 необични диететски совети! Намалете до 25 килограми за шест месеци

1 септември, 20170
12

Доколку имате проблем со држењето на диети во кои вашата исхрана е ограничена и однапред планирана, обидете се да го смените начинот на исхрана и да ги примените овие 10 необични совети. Според луѓето кои досега ги испробале, доколку се придржувате на овие совети ќе изгубите од 10 до 25 килограми во периодот од шест месеци. Вреди да се проба!

Купете дигитална вага: На тој начин ќе знаете да го цените вашиот труд дури и ако сте изгубиле само половина килограм.

Мерете се секој ден: Иако многумина советуваат да се мерите само еднаш неделно, ние ви го препорачуваме спортивното. Верувајте дека мерењето секој ден има позитивни ефекти. Дефинитивно ќе се израдувате и ќе имате мотив да ослабете доколку гледате секојдневни ефекти, па макар и изгубени само 0.3 килограми.

Пијте 8 чаши вода на ден: Водата не само што ќе ве хидратира и ќе ви помогне да се ослободите од токсините, таа ќе ве држи сита. Практикувајте да пиете една чаша вода пред секое јадење, така ќе се заситите и ќе ја намалите количината на храната која ќе ја изедете.

Вашата диета нека биде јавна: Кажете им на сите дека сте на диета и дека не сакате да ви нудат храна. На тој начин ќе си олеснете себеси и полесно ќе им одолеете на предизвиците.

Дајте си одмор на викендите: За време на викендот, дозволете си некоја покалорична храна која ќе ве направи среќни. Така преку неделата ќе имате мотив да издржите, бидејќи точно ќе знаете дека за некој ден ќе можете да јадете тоа што го сакате.

Не го жртвувајте животот за диетата: Пред да почнете со диета, објаснете си себеси дека вашиот живот и вашето здравје се поскапоцени од добриот изглед. Така ќе имате мотив да јадете здраво и да не се изгладнувате, со што ќе изгубите помалку килограми од драстичните диети, но тие нема да вратат.

Направете мали промени: Изберете нискокалорично млеко за вашето кафе наместо полномасно млеко, јадете интегрален леб наместо диетален, заменете го млечното чоколадо со црно чоколадо…

Разберете го значењето на калориите: Истражете која храна колку калории има и како е правилно да ја комбинирате. На тој начин ќе бидете свесни што внесувате во вашето тело, па чансите се дека ќе јадете помалку и поквалитетно.

Вежбајте, но не се форсирајте: Физичката активност е важна за прихофизичката добробит на секој човек. Но, внимавајте да не претерате со вежбањето затоа што така може да се повредите.

„Килажа – црвен сигнал“: Одредете килажа која не смеете да ја надминете, па секој пат кога ќе се опуштите со јадењето ќе ви се вклучи алармот дека се доближувате до црвената линија и веднаш ќе се подобрите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi