4 изненадувачки начини за добивање на енергија

21 ноември, 20170
9

Секојдневно, во вашиот работен ден доаѓате до точка кога енергијата толку ви се намалува што чувствувате криза, потреба за одмор, понекогаш дури и за сон. Еве 4 совети за да си ја повратите енергијата, на начини на кои веројатно никогаш немаше да се сетите.

1. Сменете ги чорапите! Можеби ова на прв поглед звучи смешно, но не е. Според искуствата од источните цивилизации, стапалата се многу важни за енергетската состојба на целото тело. Затоа, понесете со себе уште еден пар чорапи и токму кога ќе ви започне кризата (најчесто околу 2 или 3 часот), соблечете ги обувките и чорапите, оставете ги стапалата да дишат некоја минута (но, само доколку имате сопствена канцеларија!) и потоа облечете ги новите чорапи. Разликата ќе ја забележите веднаш. Ова особено важи доколку сте чекореле многу во текот на работниот ден.

2. Сменете го периодот кога вежбате! 
Луѓето кои имаат навика да вежбаат блиску до периодот на спиење (во доцните вечерни часови), не можат да се наспијат. Стресот на телото и ензимите што се излачуваат за време на вежбањето ве спречуваат да заспиете, иако чувствувате замор. Затоа, вежбајте малку порано или наутро.

3. Мирисајте цитрони! 
Докажано е дека мирисот на цитрон ве освежува и ви дава екстра енергија. Еве ви изговор да отидете и да си купите освежувачи со мирис на грејпфрут.

4. Подигајте се на прсти! 
Кога ќе ве нападне веќе споменатата канцелариска криза, подигајте се на прсти! Крвта ќе започне да циркулира побрзо низ нозете, тоа ќе донесе повеќе кислород и глукоза низ вашите клетки и инстантно ќе почувствувате свежина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi