Чили пиперчињата може да се тајната за подолг живот

23 јануари, 20170
12

Научниците откриле дека кајен-чили пиперчињата може да се тајната за подолг живот.

Во првата студија од ваков вид, американските научници анкетирале повеќе од 16.000 возрасни луѓе во врска со нивното здравје и начин на исхрана и ги проверувале периодично во текот на следните шест години.

Тие откриле дека луѓето кои редовно консумирале чили пиперчиња можеле да го продолжат својот живот за 10,5 години во просек.

Студијата тврди: „Нашите анализи покажаа значително намалување на смртноста поврзано со консумирањето на чили пиперчиња.“

Стапката на смртност за тие кои јаделе чили пиперчиња – не вклучувајќи мелени чили пиперчиња – во текот на шесте години била 21,6 проценти. И тоа овие луѓе не ги јаделе пиперчињата како да се чипс, туку јаделе само по еден залак или малку повеќе.

Нивната стапка на смртност била многу пониска од 33,6 проценти за тие кои не јаделе чили пиперчиња. Дефинитивно вреди за неколку солзи и топлотен флеш.

Групата на луѓе кои јаделе чили пиперчиња во поголема мера биле помлади и мажи, и имало поголема веројатност тие да пушат или да пијат. Тие исто така имале пониско ниво на ХДЛ-холестерол. Истражувачите откриле дека овие луѓе имале намален ризик од смрт за 13 проценти.

Магичната состојка? Капсаицин, кој му ја дава лутината на чилито.

Студијата тврди дека капсаицинот може да помогне во заштитата против срцеви болести и може да е делумно одговорен за придобивките од чилито.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *