Дали замрзнатите намирници се здрави?

13 февруари, 20170
10

Ако обврските ве спречуваат и немате секогаш време да приготвите свеж грашок, боранија или спанаќ, замрзнатиот зеленчук и овошје се вистински спас за оние што се хранат здраво.

Често се прашуваме дали замрзнатото овошје и зеленчук губат некои од хранливите состојки? Дали на ниска температура витамините пропаѓаат или не? „Во повеќето случаи замрзнатото овошје и зеленчук ги задржуваат хранливите состојки дури и повеќе од оние што со денови чекаат да стасаат до пазарот и на нашата трпеза“, тврди Карло Канела, нутриционист и професор на Универзитетот Сапиенца во Рим. „Овие производи ни овозможуваат во исхраната да вклучиме барем две здрави порции во текот на денот.“

Богатство со витамини и минерали Ставот на многу научници е дека овошјето и зеленчукот од замрзнувачот се исто така богати со витамини, минерали и со други хранливи состојки. Индустриското замрзнување се врши многу брзо, некогаш дури и неколку минути по бербата, на температура од -18 степени. Ваков начин на замрзнување спречува развој на бактерии, а со тоа и расипување на овошјето и на зеленчукот. При длабинско замрзнување не се губат витамините и минералите бидејќи ги чува водата што се наоѓа во овошјето и во зеленчукот.

„Хранлив“ часовник Од мигот кога ќе се набере некоја намирница, нејзиниот „хранлив“ часовник почнува да отчукува. Сè што се случува со намирницата од тој миг влијае врз нејзиното стареење, а со тоа и врз нејзината хранлива вредност. Колку повеќе стојат во кутија или во камион, толку повеќе се расипуваат. И изложувањето на сонце го забрзува процесот на нивно распаѓање. Токму затоа замрзнувањето на храната претставува најдобро решение за сите оние што сакаат да се хранат здраво.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi