Диета со јаболки

21 јуни, 20170
5

Оваа диета се базира на јаболка. Од нутрициона гледна точка, јаболката ги содржат сите потребни хранливи состојки и овозможуваат губење на непотребните килограми. Исто така, одлични се за одржување на витка линија – брзо нè заштитуваат и се доста хранливи. Едно јаболко со средна тежина содржи околу 80 калории и задоволува не повеќе од 4 до 5 проценти на дневните енергетски потреби. Калориите доаѓаат пред се од шеќерот кој има 8-18 проценти, во зависност од видот и условот под кои е одгледано јаболкото. Зрелите јаболка содржат 84-88% вода и затоа е драгоцен намирник за враќање на течноста во организмот. Киселкастиот вкус на јаболката потекнува од малите количини органска киселина (0,25-0,5 грама на 100 грама јаболка).

Прв ден

– Појадок: мало парче пита со јаболка и чаша млеко
– Меѓуоброк: едно јаболко
– Ручек: тврдо варено јајце, порција мешан зеленчук варен на пареа, зачинет со лажица маслиново масло, цеден лимон, оцет и зачини по желба, едно јаболко.
– Ужина: фрапе од едно јаболко и сок.
– Вечера: печена телешка шницла со две лажици маслиново масло и зачини по желба, пире од јаболка и малку печен леб или пита.

Втор ден

– Појадок: мало парче пита од јаболка и една чаша млеко
– Меѓуоброк: сок од јаболка.
– Ручек: бело месо, порција мешан варен зеленчук, зачинет со една лажица маслиново масло, сок од лимон, оцет и зачини по желба, малку препечен леб или пакетче крекери и едно јаболко.
– Ужина: едно печено јаболко
– Вечера: печена риба (по избор) со пченка, зачинета со две лажички маслиново масло, салата од зелка и едно јаболко зачинета со сок од лимон и оцет, и малку печен леб или пита.

Трет ден

– Појадок: немасен јогурт
– Меѓуоброк: едно јаболко
– Ручек: тестенина со доматен сос и лажичка маслиново масло, овошна салата од едно јаболко и киви попрскани со лимонов сок
– Ужина: едно јаболко печено во рерна
– Вечера: печено свинско со варени јаболка посипани со лимонов сок и малку сол, порција свеж мешан зеленчук, зачинет со лажичка маслиново масло, лимонов сок и малку тестенина.

Четврти ден

– Појадок: помалку масен јогурт

– Меѓуоброк: сок од јаболка
– Ручек: Варено свинско месо, јаболка исечена на кришки и прелиена со црвено вино, мешан свеж зеленчук со маслиново масло и сок од лимон зачинети по желба и малку тестенина.
– Ужина: Фрапе од јаболка и исцедени портокали
– Вечера: малку сирење, порција мешан зеленчук варен на пареа, зачинет со лажичка маслиново масло, лимонов сок, оцет и зачини по желба, малку тестенина и едно јаболко.

Петти ден

– Појадок: Мало парче јаболкова штрудла и чаша млеко
– Меѓуоброк: јаболко
– Ручек: Пршута, салата од мешан зеленчук, зачинета со лажичка маслиново масло, лимонов сок, оцет и зачини по желба, пола тестенина или пакетче крекери и едно јаболко.
– Ужина: едно јаболко печена во рерна
– Вечера: риба по желба, печена во рерна, зачинета со две лажички маслиново масло, заедно со салата од јаболка исечени на кришки и порпскани со лимонов сок, заедно со малку тестенина.

Оваа диета содржи само 1,200 калории дневно, според која би требало да се придружувате една недела. Се препорачува на жени, но може да ја спроведат и мажи, со тоа што количината на лебот или тестенините ќе ја зголемат за 10 грама.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *