Диета со лимони за брзо и ефикасно слабеење

6 јуни, 20170
4

Диетата со лимони постои околу 50тина години, но нејзината популарност се зголеми откако познатата пејачка Бијонсе објави дека ослабела окоу 10 килограми со оваа диета за потребите на филмот Dreamgirls.

Лимоновата диета, уште позната како „Прочистувач“ или „Диета со јаворов сируп“ е всушност програма за детоксификација. Првенствено е наменета за ослободување на организмот од токсини кои се последица на лоша исхрана, недоволно вежбање и лоши навики. Сепак, денес многу ја применуваат оваа диета за да ослабнат брзо.

Според подржувачите на оваа диета, за 10 дена ќе изгубите 10 килограми, ќе изгледате свежо и ќе бидете полни со енергија.

Сепак внимавајте, оваа диета може да биде опасна за здравјето, бидејќи не внесувате никаква храна во текот на 10 дена. Иако човечкото тело може да ја издржи оваа диета, сепак претставува стрес за организмот.

За време на диетата не е дозволена никаква цврста храна, а може да го пиете само коктелот кој се состои од:

2 лажици свежо исцеден лимонов сок

2 лажици јаворов сируп

1/10 лажичка чили

250 мл. вода.

Овој коктел може да го пиете секој пат кога ќе огладнете, но не помалку од 6 пати на ден.

Диетата се држи 10 дена, и за време на диетата не се препорачува вежбање. По диетата се препорачува постепено внесување на цврста храна. Започнете со супа, а потоа со овошје и зеленчук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *