Диета со тиква

6 октомври, 20170
5

Тиквата е една од најбараните есенски намирници, а диетата со тиква е совршена за овој период од годината. Диетата се држи најмногу една недела, а може да се загубат дури до 5 килограми.

Уште подобро е ако оваа диета ја држите три дена последователно, потоа да се направи пауза од една недела, па уште два -три пати да ја повторите. Резултатите се неверојатни, а тоа ја прави оваа диетата најпопуларна брза есенска диета.

Единствена маана и е што е монотона. Правилото е – дозволено е да се јаде тиква во текот на целиот ден во сите облици, а дневното мени кое дозволува 2 килограми тиква изнесува само 700 калории.

Печена тиква се препорачува за појадок и вечера, пожелно е да биде зачинета со цимет (кој го забрзува метаболизмот), а за ручек може да се направи вкусна порција динстана тиква или пире од тиква, кое може да го посолите и да го комбинирате со 300 грама свеж зеленчук.

Оброците не се стриктно одредени и може да јадете тиква повеќе пати во текот на денот, на начин на кој најмногу ви се допаѓа. За три дена можно е да загубите два до три килограми.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *