23 август, 2019

Радио

Доколку сакате тиквички, но и некој килограм помалку, пробајте ја оваа диета која го чисти вашиот организам, но ги чисти и килограмите.

Тиквичките се исклучително корисни за многу болести – анемија, кардиоваскуларни болести, хипертензија, дебелина. Поради големото количество на растителни влакна се намалува реапсорцијата на масти, па се погодни за диета при зголемен холестерол и триглицериди. Калиумот и магнезиумот во неа делуваат позитивно при намалувањето на крвниот притисок.

Ако издржите еден месец во држењето на диетата со тиквички вие ќе загубите 6-8 килограми во зависност од првобитната тежина со која ќе започнете да ја држите диетата. Колку повеќе килограми имате толку повеќе килограми ќе загубите. За една недела може да намалите од 2-3 килограми. Покрај намалувањето на килограмите, оваа диета ќе ви помогне сите штетни материи да бидат надвор од вашето тело.

– Покрај тиквичките во исхраната можете да ги вклучите и морковот и зелката од кои можете да си направите салата зачинета со маслиново масло и половина лимон.

– Во менито на диетата со тиквички е вклучено и овошјето. За време на ручекот, вечерата и ужинките дополнете го својот оброк со јаболко, круша, сливи или било кое овошје.

– Месото можете да го замените со риба, но тоа треба да биде речна риба, бидејќи морската не е соодветна за оваа диета.

– За пијалок користете обична вода во големи количини, зелен чај без шеќер, и домашни цедени сокови без никакви додатоци.

– За време на оваа диета исклучете ги сите пекарски производи, лебот, слатките, кафето и алкохолот.

– Ако на пазарот најдете млади тиквички, користете ги заедно со кората.

Менито можете да си го составувате сами секој ден, но внимавајте да ги менувате намирниците што почесто (овен тиквиците), со цел да внесете што повеќе хранливи материи, односно јадете, различно овошје, различен зеленчук, различен вид на месо и сл. и тоа секој ден така. Количината строго почитувајте ја во секој оброк, месото може да го замените од пилешко во свинско, но 200 грама си се 200 грама.

 

Пример на мени

Доручек:

Тиквичка на пареа (250 гр) со зеленчук (150 гр), шоља зелен чај

Ужина:

1 јаболко, чаша сок од портокал или вода

Ручек:

Печена тиквичка (300 гр), парче варено месо (200 гр), неколку сливи и шоља зелен чај

Ужинка

Печена тиквичка (250 гр), салата од зелка и морков (250 гр), чаша природен сок

Вечера:

100 гр суво овошје, чаша сок од јаболко или шоља зелен чај

Остави коментар

Почетна // живот // Исхрана // Диета со тиквички
Горе