Јадењето на овошје ве чува од мозочен удар

7 февруари, 20170
4

Конзумацијата на поголема количина на овошје може да ви помогне во заштитата од мозочен удар.

Холандските истражувачи, кои 10 години го следеле здравјето на повеќе од 20.000 лица, сепак не ја откриле причината поради која ризикот од мозочен удар е помал за 52% кај лицата кои јадат јаболки, крушки и банани. Експертите предупредуваат дека тоа не значи дека луѓето треба да престанат да ги јадат другите овошки.

На почетокот на истражувањето тестираните пополниле прашалник за навиките во исхраната и начинот на живот во претходната година, а потоа биле следени во наредните 10 години. Научниците утврдиле дека потрошувачката на бело овошје и зеленчук која е зголемена за 25 грама е поврзана со намалувањето на ризикот од мозочен удар.

Истото истражување не покажало дека на зачестените мозочни удари делува конзумирањето на темнозеленото овошје како што е зелката или црвеното овошје и зеленчук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *