Конечно откријте колку калории ви се потребни!

14 март, 20170
14

али сте и вие од многуте кои секојдневно ги бројат калориите кои ги внесуваат во организмот? Се мачите и пак, ни тоа не помага за да симнете некој килограм или барем да ја задржите моменталната тежина. Потребните калории за еден ден од секогаш биле предмет на расправа за нутриционистите и обичните луѓе. Иако веќе се години се водиме по препораките за внесување 2000 калории дневно, по сè изгледа нешто правиме погрешно и сфаќаме дека не е тоа толку едноставно како што изгледа.

Познатата светска нутриционистка, Мерион Несле неодамна напиша статија за овој проблематичен број на калории, околу кој сè се врти со години.

На кој му текнале тие 2000 калории?

Мерион тврди дека за сè е виновна Американската управа за храна и лекови, која препорачаната дневна доза ја заснова врз едно истражување од 1914 година, кога просекот за внесени калории кај жена изнесувал од 1600 до 2200 дневно, кај мажите од 2000 до 3000, а кај децата од 1800 до 2000.

Заедничкиот просек би бил околу 2350 калории дневно, меѓутоа многу нутриционисти се побуниле со одговор дека тоа е премногу. Така договорот паднал на 2000 калории дневно, и тоа останало до ден-денес без никој серизно да се посомнева во реалноста на оваа бројка.

Колку калории реално ни се потребни?

Целата формула за броење калории е малку комплицирана. Ако навистина сакате да знаете колку калории дневно ви се потребни за да ја одржите вашата тежина, или пак, да ослабите, тогаш мора да ги земете во предвид годините и физичката активност.

И уште нешто, немаат сите калории апсолутна иста вредност – поентата е дека ако јадете овошје и зеленчук калориите имаат помала вредност отколку калориите во брзата храна.

Британското списание „The Lancet“ нуди алатка со која можете да пресметате колку калории ви се потребни. Тој метод во предвид зема неколку параметри – годините, тежината, висината и физичката активност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *