Магичен пијалок од кафеав ориз за витка линија

18 октомври, 20170
7

Напитокот „кањи“ е неизбежен дел на лесната диета која се практикува на сите ајурведски клиники, кои практикуваат посебна метода за чистење на организмот.

Имено, кафеавиот басмати ориз е права ризница на витамини и минерали, затоа е особено корисен за здравјето. Особено карактеристичен е напитокот кањи, кој се прави од овој ориз, иако во основа претставува солена оризова вода, која во древната ајурведа преставува еликсир на младоста и долговечноста.

Овој напиток го храни организмот и го враќа во рамнотежа, а поради добрите нутритивни својстава, на телото му дава енергија и сила.

Кањи е неизбежен дел на лесната диета која се практикува на сите ајурведски клиники кои практикуваат посебна метода за чистење на организмот. Но, овој напиток исто така е одличен извор на енергија кога телото е дехидрирано или исцрпено поради болест. Освен што на организмот му го враќа балансот, кањи го поттикнува и варењето на храната и затоа е одлично средство за одржување на добра дигестија и витка линија.

Овој напиток многу лесно се подготвува, а се препорачува да се пие во текот на целиот ден. Ова особено важи за оние кои сакаат да си ја вратат витката линија. Во 1,5 литри зовриена вода се става една рака измиен органски басмати ориз или кафеав ориз и малку сол по желба. Се вари на посилен оган се дури зрната потполно не омекнат и не се распаднат. Напитокот може да се процеди и да се стави во термос за да се пие топол во текот на целиот ден.

Кањи не носи само добро здравје, туку покажува позитивни ефекти и на кожата на лицето и телото. Бидејќи изобилува со амино киселини, оризовата вода успешно ги стеснува порите, ја затегнува кожата, ја стимулира циркулацијата на крвта и помага кожа да биде мека и подмладена, а тенот блескав.

Оваа „здрава вода” е богата со иноситол – јаглен хидрат кој помага за зајакнуавање на еластичноста на влакното и го спречува пукањето, па со редовна употреба косата станува поквалитетна и посјајна.

Кањи натапкан со памукче на лицето може да послужи и како лосион за чистење, бидејќи го храни епидермот и го освежува тенот. За да делува како маска, треба да се остави двесетина минути на лицето, а потоа да се измие со млака вода. Вишкот од напитокот не треба да се фрла, туку може да се додаде во купката за тело: ќе ја нахрани вашата кожа и ќе и даде мекост и сјај.

Исто може да се направи и со косата: косата се мачка по целата должина со топла оризова вода и се покрива со капа за туширање. Се остава да делува половина час, а потоа се плакне косата со топла вода и по потреба со благ шампон.

Со оваа течност ќе го опоравите и цвеќето во саксија: барем еднаш неделно наместо со обична вода, добро е растенијата да се залијат со кањи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi