Многу ефективна диета базирана на кромид

17 јануари, 2017
10

Во последно време многу луѓе ја применуваат диетата со кромид, која не е тешка за изполнување и е многу ефикасна. Кромидот содржи 86% вода, 10% јаглехидрати, малку белковини и 0,3% масти, меѓутоа е богат со калиум, фосфор, магнезиум, калциум, натриум, железо. Витамините кои се наоѓаат во кромидот се – Ц, Б1, Б2, ПП и Е. Зелените листови од млад кромид се побогати со витамин Ц.

Супата се приготвува од кромид во поголеми количини, зелка 150 гр, две црвени пиперки, 1-2 домати, целер и малку сол.  Основата на диетата е неограничена консумација на супата со кромид.  За една седмица можете да намалите од 4-8 килограми. Оваа диета е дозволено да се применува само еднаш на секои 6 месеци.  Дозволено е и парче пилешко филе на скара, ако не може да се издржи само на супа. Дозволена е употреба на чај и кафе но без шеќер.

Оваа супа е соодветна за луѓе кои страдаат од срце и висок крвен притисок, а забранета за болни од гастрит и чир.