Почнете и завршете го денот со вода со цимет и мед

5 април, 20170
6

Слушнавме за мешавината од вода, лимон и лажица мед како препорака за здрав почеток на денот, еве уште еден предлог за подобрување на здравстваната состојба, која во исто време е погодна во топењето на несаканите килограми – зовриена вода во која се додава цимет и мед. Овој напиток се појави периодов на повеќе портали за здрава исхрана. Еве како се подготвува и користи:

Сварете 200 мл вода во вечерните часови пред спиење, и во водата измешајте половина лажичка цимет во прав, покријте и оставете да отстои половина час. Во топлата вода додадете една лажица мед, промешајте и испијте половина од подготвената мешавина. Остатокот од пијалокот испијте го наутро по будење на празен стомак. Пијте најмалку еден месец, а може да ви стане и дневна рутина на подолг период.

Циметот не е само обичен зачин, тој го подобрува тенот, го намалува холестеролот, го забрзува протокот на крв, има корисен ефект врз срцето, желудникот, цревата и е еден од најдобрите зачини за топење на мастите во телото. Циметот и медот ги отстрануваат паразитите, габичките и другите бактерии кои го успоруваат варењето на храната во организмот и спречуваат акумулација на нови масти.

Овој напиток многуминаа го нарекоа чудотворен за губење на килограми, но пред почеток на диета и нов режим на прехрана консултирајте лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi