Пробајте ја најбараната диета за 2017 година – Дава супер резултати!

14 август, 20170
4

Во текот на летото многумина се во потрага за брзи диети со кои за краток рок ќе загубат повеќе килограми. Но од низата на диети, најуспешна и најбарана за оваа година е диетата осмислена од Џенерал Моторс. Овој режим на исхрана компанијата го развила за време на 80-те години за да го сочува здравјето на своите вработени.

Но во 2017 година диетата на Џенерал Моторс стана вистински хит според пребарувањата на Гугл, пто не е ни чудо бидејќи ветува загуба на дури 7 килограми за само 7 дена.

Главното правило на диетата е строгото држење до намирниците во текот на една недела.

Првиот ден на диетата се јаде само овошје, но овошје кое е базирано на вода, па така бананите се строго забранети. Лубеницата и дињата се најмногу дозволени.

Вториот ден е дозволен секаков вид на зеленчук, сирово или варено/печено, а овошјето е забрането. Денот започнете го со печен компир за да се осигурате со јагленохидрати во текот на денот, а потоа продолжете со зеленчук по желба.

Третиот ден се комбинира овошје со зеленчук, но немојте да јадете банани и компири.

Четвртиот ден се дозволени овошје, зеленчук, банани (не повеќе од две) и млеко.

5-от ден поминете на месо. Јадете телешко, јунешко, пилешко или риба заедно со 5 цели печени/варени компири. 10 до 12 чаши вода се препорачуваат во текот на овој ден.

6-от ден се јаде говедско месо и зеленчук.

7-от ден за појадок се јаде кафен ориз и чаша природен овошен сок, а во текот на останатиот дел од денот може да се конзумира во неогранична количина зеленчук и овошје.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *