Што појадуваат нутриционистите: Овесни палачинки

3 мај, 20170
8

Френси Коен е нутриционистка и фитнес тренер која што соработува со познатата ТВ водителка Опра Винфри, кој што на прашањето што појадува таа како стручно лице во својата област, го образложи својот омилен рецепт.

Клучно во него е да не се употребува брашно, туку овесни снегулки кои се мошне евтини и можат да се најдат во сите поголеми супер-маркети. Смесата за палачинки се подготвува така што во еден сад се става:

– половина шолја овесни снегулки (7-8 супени лажици)

– 4 белки од јајца

– едно рендано јаболко

– малку цимет (да се попрска)

Овие состојки се мешаат и се остава смесата да отстои 10 минути за овесните снегулки да омекнат и да ја впијат течноста од овошјето и белката. Со голема лажица (црпалка) се зема доза за една палачинка, а истата се потпечува на плотна или во тефлонско тавче. Кога ќе набабри, може да се сврти на другата страна.

Вака подготвените палачинки се препорачани за филување со свежо овошје и разни бобинки, а добредојдени се и малку јаткасти плодови (орев). Палачинките се богати со хранливи влакна, протеини и витамини, па ќе ве одржат сити до ручекот.

Овој рецепт е мошне популарен и почитуван од оние кои вежбаат и се трудат да ја одржат својата фигура. За најдобри резултати во исхраната и вежбањето задолжително е пиењето свежа вода во текот на претпладнето, како и избегнувањето на калоричните пржени работи и газирани пијалоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi