Сладок пијалок кој ги топи килограмите

15 август, 20170
11

Оваа напивка не само што ги топи килограмите туку и го зајакнува метаболизмот. Пробајте!
Волшебната напивка за слабеење речиси и нема калории, а само неколку голти од неа го зајакнуваат метаболизмот и прават детоксикација на организмот.

Се приготвува од јаболка, вода и цимет. Еве како да ја подготвите: Потребни ви се 2 поголеми јаболка, 3 стапчиња цимет, 1 стаклено шише со широко грло, 1 литар обична вода.

Измиените јаболка се сечкаат на тенки кришки и се ставаат во шишето, се додаваат две до три стапчиња цимет и потоа се додава водата. Затворете го шишето и ставете го во фрижидер да отстои преку ноќ. Од напивката пијте секој ден.

Наша препорака: Во водата можете да исцедите и малку сок од свеж лимон, мандарина или портокал. Кога ќе испиете дел од напивката, повторно додадете вода во шишето и оставете да отстои преку ноќ во фрижидерот. Истите состојки можете да ги искористите до три пати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *