Со ѓумбир против мигрена и дебелина

15 ноември, 20170
7

Ѓумирот е моќно растение кое се користи како зачин, и при тоа лекува многу болести. Има потекло од Азија, а денес го има речиси насекаде. Ова коренесто растение во себе содржи протеини, етерични масла, железо, фосфор, калциум, магнезиум, манган, фолна киселина, витамини Ц и Б6… Ѓумбирот е добар антиоксидант.

Традиционалната медицина го употребувала како средство против настинки и воспаленија и при кашлица.

Ја зголемува циркулацијата па денес е често употребуван како средство за слабеење.

Ориенталната медицина го употребува ѓумбирот како средство против реума и болки во зглобовите. Бидејќи има аналгетско дејство се препорачува при главоболка, забоболка, болки во бубрегот…

Во комбинација со лимонт е одличен лек против мигрената. Направете чај од една лажица ѓумбир прелевајќи го со 2,5 дл врела вода. Оставете го малку да се излади па ставете му сок од половина исцеден лимон. Од овој чај пијте по 3-4 шолји на ден. Ќе ги ублажите симптомите на мигрената.

Доколку пиете чај или пак го користите како зачин на прав пат сте да ги загубите вишокот килограми. Тој ја забрзува циркулацијата и на тој начин побрзо се топат масните наслаги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *