Со лен против холестеролот и триглицеридите

17 август, 20170
5

Ако во исхраната го вклучите ленот, ќе го намалите високото ниво на холестерол и триглицериди. Најдобро е да ставите едно лажиче лен во шолја кефир, затоа што оваа комбинација е најделотворна и највкусна.

Со проблемот со вишок на килограми обично оди и високо ниво на холестерол и триглицериди, а за да се ослободите од тој „пакет“, пробајте во својата исхрана да го вклучите ленот. Најдобро е да ставите едно лажиче лен во шолја кефир, затоа што оваа комбинација е најделотворна и највкусна. И така секој ден почнете го со здрав и вкусен оброк.

Лененото семе е богато со влакна, а тоа благотворно делува врз работата на цревата, го забрзува метаболизмот и ја спречува опстипацијата. Со оглед на тоа што го продолжува чувството на ситост, ленот е и добар сојузник на слабеењето, а нутриционистите тврдат дека го намалува нивото на лош холестерол во крвта и до 50 отсто, а на триглицеридите помеѓу 25 и 60. И тоа не е се, бидејќи содржи и омега-3 масни киселини.

Ленот делува превентивно и на појавата на срцеви заболувања и остеопороза, а има и антивоспалително влијание па ефикасно ги ублажува тегобите како последица од артритис и лупус.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *