Три часовна диета за долгорочно слабеење

6 април, 20171
6

Овој план за диета е совршен оние кои не сакаат да се откажат од слатките задоволства и не сакаат да следат план за „забранета храна“.

Оваа тричасовна диета следи три правила за јадење:

–          Јадете по еден час откако ќе се разбудите

–          Јадете на секои три часа

–          Престанете да јадете три часа пред спиење

Со овој план ќе го максимизирате вашиот метаболизам, односно вашето тело побрзо ќе согорува калории, ќе имате зголемена енергија и намален апетит.

Според оваа диета треба и да внимавате што имате во чинијата. На пример, половина од чинијата треба да ви биде полна со овошје и зеленчук, третина со јагленихидрати, четвртина со протеини и една лажичка маснотии.

Според оваа диета, нема „забранета и лоша“ храна, туку само лоши порции. Наместо големо, изберете мало пакувње чоколадо, наместо голем оброк изберете среден оброк, наместо голема пица изберете мала пица…

Иако резултатите на оваа диета ќе ги почувствувате дури по неколку недели, она што оваа диета го нуди е долгорочно решение за вишокот на килограми. Со оваа диета нема да изгубите мускулна маса, туку масно ткиво, а исто така нема никаков ризик на вашето здравје.

 

One comment

  • biljana

    1 мај, 2017 at 15:36

    fala

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *